Loading Video...
Спорт плус
30. January 2022 - 17:22

Гоџа и Хуртер со исто време најбрзи на Супер-џито во Гермиш Партенкирхен

Супер интересна беше денешната трка во Светскиот куп во алпско скијање што се одиржа во германскиот ски-центар Гармиш Партенкирхен, а каде дамите се натпреваруваа во супер-велеслалом. 
 
Италијанката, Федерика Брињоне ја расипа апсолутната доминација на австриските скијачки. 
 
Имено Брињоне беше единствената која се вмеша во топ петте скијачки, а која не е од Австрија. 
 
Згора на тоа, Италијанката освари идентично време 1:18.19 минути, како и Корнела Хуртер, па двете се искачија на највисокото место на пиедесталот. 
 
 
Бриџоне сега е водечка во поредокот во Супер-џи и тоа пред сонародничките Елена Куртони и Софија Гоџа кои имаа по 103 односно 145 бодови помалку. 
 
Со севкупниот Генерален поредок прва е Американката, Микаела Шифрин со само 15 подови предност во однос на петра Влхова од Чешка, а далеку зад нив на третото и четвртото место се Бињоне и Гоџа.