Продолжува институционалната игра за изградбата на клиничката болница во Штип
Над 150 000 граѓани од истокот, петта година по ред чекаат на финализација на изградбата на новата клиничка болница во Штип. Рокот за завршување на првата фаза е до 31.12.2022 година, а грчата фирма „Интеркат“ има договор и валидна банкарска гаранција работите да ги реализира. Сепак, кога се работи за обезбедување на потребните финансиски средства во висина од 13,5 милиони вера, Министерствата за здравство и финансии се со различен став. Од здравство информираат дека ова прашање е во надлежност на министерството за финансии, со оглед дека со потпишаниот договор за кредит, кој во моментот е истечен, државата се обврзала дека ќе бидат обезбедени потребните финансии со цел завршување на објектот. Од финансии пак велат дека проектот за изградба на Клиничка болница во целост се реализира преку Министерството за здравство и не е во нивна надлежност. Во моментот градежните работи се стопирани, а од болницата се принудени да санираат зграда стара и по 80-тина години.
-За некоја посериозна инвестиција во инфраструктурата нема никаква оправданост, така што и натаму ќе продолжиме да го одржуваме минимумот на условите за пациентите во таа зграда, се со цел да дочекаме да влеземе во новата зграда на Клиничка болница –Штип, кога и да се случи тоа-изјави Ален Георгијев, директор на Клиничка болница - Штип.
Во меѓувреме со европски пари се модернизираше инфективното одделение, но тоа нема да биде дел од новата болница, како и одделението за физикална терапија кај бањата Кежовица, за што се потребни сериозни вложувања.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар