Македонија со тројца спортисти ЗОИ во Пекинг
Од денеска па се до 20 февруари Пекинг ќе биде во фокусот на вниманието на светската спортска јавност. Попладнево се одржа церемонијата на свеченото отворањето на 24-тите Зимски олимписки игри (ЗОИ).
Пекинг е првиот град во светот кој е организатор на двете олимпијади.
Откако во 2008-та ги угости најдобрите светски спортисти на летната, сега главниот кинески град ќе ги собере најдобрите во зимските спортови.
И овие игри ќе минат пред се во знакот на мерките од спречување на Ковид пандемијата, па така бројни рестрикции и тестирање ќе бидат секојдневие за речиси 3000 спортисти од од 90 земји, кои ќе се натпреваруваат во во седум спорови (биатлон, боб, карлинг, хокеј на мраз, санкање, лизгање и скијање) и 15 дисциплини.
Меѓу учесниците е и Македонија која ќе биде претстаува од тројца спортисти.
Единствената дама е нордијката, Ана Цветановска која требаше да настапи прва и тоа веќе утре во трката на во скијатлон, сепак ќе има само еден настап и тоа на 10 февруари на 10 километри класично. Причината е скратената листа на учесници на споменатата трка, а поради големиот број на позитивни на Ковид 19.
Втор ќе настапи Ставре Јада на 8 февруари на 1.5 км спринт слободно, додека трката на 50 километри слободно на програмата е на 19 февруари.
Нашиот знаменосец Дардан Дехари ќе не претставува во аплските дисциплини и тоа во слалом и велеслалом, а ќе настапува на 13 и 16 февруари.
Иако свеченото отворање се одржа попладнево, сепак натпреварите на ЗОИ 2022 се одвиваат веќе трет ден. а веќе утре ќе бидат поделени и првите сетови на медали.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар