На што се должи големата смртност од Омикрон?
Алармантни бројки за смртноста од појавата на Омикрон во земјата.
Од почетокот на годината до 5 февруари дури 538 пациенти ја изгубиле битката со вирусот. Најголем број од нив починале во скопските ковид центри, а триесетина не успеале да стигнат до болница.
Податоците од Инситутот за јавно здравје покажуваат дека со овој бран најпогодена е постарата популација. 482 или 89 проценти од починатите во изминатите 35 дена се лица над 60 годишна возраст, а осум се помлади од 40. Повеќе од 90 проценти од умрените имале по најмалку едно хронично заболување.
Доминираат кардиоваскуларните и хипертензија која е регистрирана кај речиси сите починати. Голем број имале и дијабет и бубрежна болест, а 46 од пациентите кои се најдоа во црната ковид статистика покрај вирусот се бореле и со карцином.
Дека овој бран е многу посмртоносен покажува и споредбата со јануари 2021 кога во извештаите биле евидентирани 356 починати.
Во вкупната статистика од почетокот на пандемијата досега, 16 лица кои по втор пат добиле Ковид-19 завршиле со смртен исход, а 5100 или околу 60 проценти од починатие се од машки пол.
Загрижувачки 7,2 проценти или 619 пациенти не успеале да стигнат до болничко лекување.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
