На што се должи високата ковид-смртност?
Петмина невакцинирани пациенти и со коморбидитети изминатото деноноќие починале на Инфективна. Биле на возраст од 70 до 97 години. Најголем број и од 87-те хоспитализирани на клиниката се повозрасна популација кои поради компликациите се на кислородна поддршка. Инфектолозите велат дека изминатиот период битката со вирусот ја губеле и вакцинирани, но староста и хроничните болести имале големо влијание за фаталниот исход.
-Ние сме имале и сме изгубиле и вакцинирани со две дози, но повторно влошувањата на клиничката слика се од нивните основни хринични заболувања. Ковидот овде не им помогнал туку за жал им одмогнал и ние за жал тука сме немоќни, вели др. Милена Стевановиќ, директор на Клиника за инфективни болести.
На инфективна се уште има наплив од пациенти и дневно имаат над 100 прегледи. Освен со омикрон, имаат и пациенти кај кои е присутен делта сојот. Кај хоспитализираните доминираат оние кои во болничката историја имаат претходни кардиоваскуларни заболувања.
-Ниту ние ниту негде во светот некој кажал дека омикрон не може да даде тешка клиничка слика и дека од него не може да се умре. Напротив, може тој процент е помал, но доведува и до тешка слика и до смртен исход и секако тоа повторно е поврзано и со коморбидитетите, вели др. Стевановиќ.
Освен со две, изминатиот период битката со ковид ја изгубиле и 6мина пациернти кои имале примено и бустер доза. Но тешките претходни заболувања, според лекарите, биле индикацијата за смртниот исход.
Во моментот на болничко лекување има 695 пациенти од кои 260 се во Скопје а останатите во ковид одделенијата во државата.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
