Loading Video...
Кошарка
12. February 2022 - 14:20
МЗТ Скопје ја победи Војводина и го потврди пласманот во плејофот на АБА2 лигата
Македонскиот првак МЗТ Скопје со победа против Војводина го заокружи својот настап на четвртиот турнир во АБА2 лигат, што се одржа во Бања Лука.
Во натпреварот од 10 коло, Аеродромомци ја совладаа екипата на Војводина со 83-75.
Така со скор од осум победи и само два порази, МЗТ уште од сега го осигураа своето место на завршниот плејоф турнир, иако до него треба да биде одигран уште еден, и тоа од 21 до 27 март во Широки Брег, каде на програмата се последните три кола.
Затоа пак нашиот втор претставник Пелистер кој е предпоследен со само две победи и осум порази, ќе има речиси невозможна мисија да ги избегне последните четири позиции кои носат испаѓање од лигата.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->