Loading Video...
Спорт плус
12. February 2022 - 18:47
Распределба на медалите на 8-ден на ЗОИ во Пекинг
И осми натпреварувачки ден на ЗОИ во Пекинг донесе големи возбудувања, како и два медали за Норвешките браќа Бое во иста трка
Норвежанецот, Мариус Линдвик ги изненади фаворитите во натпреварите на големата скокалница. Откако во првата серија имаше втор резултат, во втората благодарение на одличниот скок од 140 метри, Лундвик собра најмногу бодови и заслужено се закити со златото. Јапонецот, Кобајаши кој важеше за најголем фаворит, на златото од малата скокалнице, придодаде сребро од големата, на која до бронзата доскокна Карл Гајгер од Германија.
Браќата Бое од Норвешка ги освоија златниот и бронзениот медал во биатлонската трка на 10 километри. Помладиот Јоханес Тигнес прв ја мина целта и стигна и својот вториот златен, а третиот медал на игри во Пекинг 2022 година, со што ја збогати својата олимписка колекција во која сега има вкупно шест медали.Неговиот постар брат Тарјеи се закити со бронзата, а меѓу нив двајца трката ја заврши Французинот, Кентан Филон Мел кој го освои сребрениот медал.
По пауза од 16 години, конечно руската женска штафета стигна до олимписко злато. Во трката четири пати по пет километи, Русинките до златоато стигнаа благодарение на Степанова која во последната измена успеа да ја мине германската преставничка и на Русија да и доднесе злато.Во фото-финиш Шведска стигна до бронзениот медал, додека едни од најголемите фаворитки Финска и Норвешка на крајот останаа без медал.
На големо задволство на домаќините, Кинезот, Тингју Гао го освои златниот медал во трката во брзо лизгање на 500 местри.
Гао до најсјајното олимписко одличје стигна за само 7 стотинки побрзо од Мин Ча од Кореја, одосмо за 17 стотинки побрзо од бронзениот Моришиге од Јапонија.
На женскиот хокеарски турнир комплетирани се полуфиналните двојки. Хокеарките на Швајцарија и Финска им се приклчлија на фавроритките од САД и Канада во полуфиналето.
Ова откако во четвртфиналето Швајцарија направи големо изненадување совладувајќи ја Русија со 4-2, додека Финска ја оправда фаворитската улога против Јапонија и ја совлада со убедливи 7-1. Така во полуфиналето на женскиот хокеарски турнир ќе играат Канада – Швајцарија и САД – Финска.
На машкиот хокеарски турнир се играат натпреварите од групната фаза, а во дербито на колото Американците ги совладаа Канаѓаните со 4:2.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->