Новиот Закон за дивоградби блокиран во парламентот
Новиот Закон за легализација на бесправно изградените објекти заглави во собраниска процедура.
Според министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, државата е исправена пред предизикот дали да го донесе или не, новото законско решение, во кое се инкорпорирани 11 барања од стручната јавност и поголем процент од забелешките преку системот ЕНЕР.
-Доколу Парламентот е подготвен да дискутираме, да дебатираме, овде сме да ги отвориме сите прашања, заради тоа што сметам дека овој Закон е потребен и за националните инфраструктурни проекти и за општинските, но и за граѓаните кои што сакаат да имаат кров над глава и да ги стават во законска рамка своите објекти-изјави Благој Бочварски, министер за транспорт и врски.
Секој објект од втора категорија, изграден после 1-ви јануари 2021 година без одобрение за градба ќе се третира како дивоградба и не ќе може да биде ставен во правна рамка. Бочварски денеска изврши увид во градежните работи на браната на река Отиња.
-Можам да констатирам дека работи се одвиваат со одлична динамика. Се работи на темелот, на инјектирање на десното крило на браната, што значи дека се прават сите подготовки за да започне изведбата на насипот на браната, изјави Бочварски.
Браната ќе акумулира 3 милиони метри кубни вода, со можност за наводнување на 200 хектари земјоделско земјиште и зелени површини, а крајниот рок за реализација е 2025-та години.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар