Македонија
26. February 2022 - 16:40

Матичните лекари поставија услов, ако нема договор ќе ги активираат протестите

Или повеќе пари за ординациите или плаќање на партиципација за одење кај матичен...Лекарите од примарното здравство не отстапуваат и очекуваат барем едно од овие две барања да биде прифатено од здравствентие власти. Во спротивно, велат трпението им е при крај и не ја исклучуваат можноста од протести. 

-Да се знае, што со тие 63 денари капитација која е уште од 2001 година а изминатиот период ни дадоа уште голем број дополнителни давачки – хартии, принтери, електронск оздравство, или ако државата нема пари за тоа тогаш партиципација. Партиципација минимална од 40-50 денари имало од 92 до 2001 но ја укинаа кмо кај матичните а сегде на друго место остана, вели др. Лилија Чолакова Дервишова претседател на ЗПЛРМ.

На вчерашниот состанок со надлежните кој бил во проширен состав со лекарската и стоматолошката комора како и  примарните гинеколози се договориле допрва да се договораат. Односно, биле формирани работни групи кои треба да изнајдат решение. За министерството за здравство целта е да постигнат договор преку заеднички дијалог, но приватните лекари велат нема да чекаат долго, особено оние кои поради немање на финансии може да стават и клуч на врата на ординациите.

-Разочарани се, барем еднаш владата како точка да ги стави приватните лекари. Не с еиздржува вака финансиски и затоалекарите велат да остане опцијата за протест да стои, вели Чолакова. 

Сите барања лекарите повторно ќе треба да ги достават до министерството за здравство а едно од нив кое најверојатно може да биде решено е дел од лековите кои сега ги пропишува специјалист повторно да бидат вратени кај матичните.

Инаку утре Здружението на приватни лекари има координативен состанок околу преговорите со надлежните но и преземање на следни чекори.