Loading Video...
Ракомет
3. March 2022 - 11:38
ПИК Сегед му направи голема услога на Вардар
Ракометарите на ПИК Сегед му направија голема услуга на македонскиот првак Вардар.
Унгарската екипа славеше на гостувањето кај Елверум со 24-27 во натпревар од претпоследното коло од А групата во Лигата на шампионите.
Со тоа Елверум остана на 8 бодови, еден помалку од Вардар во трката за позициите кои носат пласман во нокаут фазата.
Вардарци кои во ова коло требаше да играат со белорускиот Мешков Брест, но по одлуката на ЕФХ прво да го одлоќи тој натпревар, а потоа и да ги суспендира сите руски и белоруски екипи, најверојатно ќе ги проклижи двата бода на свое конто, со што и дефинитивно ќе обезбеди пласман во осминафиналето.
Така последниот натпревар токму против норвешката екипа, Елверум, кој треба да се игра во Скопје на 9 март (среда) ќе биде само чиста формалност.
Во спротивно. Доколку Вардар да не ги добие бодовите од мечот во Мешков, тогаш на на црвено-црните доволен ќе им биде нерешен исход во мечот со Елверум.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->