Loading Video...
Ракомет
4. March 2022 - 15:12
Веспрем противник на Вардар во 1/8-финалето во ЛШ
Екипата на Веспрем ќе биде противник на македонскиот првак Вардар во првата нокаут рунда во ракометната Лига на шампиони
Ова е епилогот по денешната потврда која дојде од европската куќа на ракомет (ЕХФ) која ги суспендира руските и белоруските екипи, а натпреварите на кои тие требаше да играат ги регистрира со службен резултат.
Таков е и случајот со мечот Мешков Брест – Вардар, па црвено-црните со двата освоени бодови го осигураа петото место во својата група.
Тие за противник во осминафиналето ќе го имаат четврто рангираниот тим од Б групата, а тоа е унгарски Веспрем.
Приот натпревар ќе се игра во Скопје на 30 или 31 март додека реванш дуелот во Унгарија на програмата е седум дена подоцна (6 или 7 април).
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->