Loading Video...
Ракомет
9. March 2022 - 11:22

Шпанската Бидасоа и данскиот Гудме можни противици на Е.Пелистер во 1/8-финалето на Европската лига

Ракометарите на Еурофарм Пелистер со убедлива победа над атински АЕК ја заокружи групната фаза во Европската лига, па во осминафиналето ја очекува хрватскиот вицепрвак Нексе. 
 
Во фантастична атмосвера во Битола, пелистерци го надиграа грчкиот ривал кој имаше сили да парира само во првиот дел, но во вториот зелено-белите ја покажаа својата моќ и на крајот славеа со 11 голови разлика 30-19. 
 
Со тоа пелистерци го потврдија своето место во Д групата па во првата нокаут рунда закажаа дуел со хрватскиот тим Нексе. 
 
Првиот натпревар од осминафиналето Пелистер ќе го игра на гости на 29 март, додека реваншите во Битола е седум дена подоцна (5 април).
 
Разбирливо очекувањата се место меѓу осумте најдоби, а доколку целта биде остварена, тогаш Е. Пелистер во четвртфиналето би имал тежок противник и тоа победникот од дуелот меѓу шпанската Бидасоа Ирун или данскиот ГОГ Гудме. 
 

ЕХФ ЕВРОПСКА ЛИГА

1/8 ФИНАЛЕ

НЕКСЕ (Хрватска)

–  ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (Македонија)

БИДАСОА ИРУН (Шпанија)

–  ГОГ ГУДМЕ (Данска)

НАНТ (Франција)

–  ФУКСЕ БЕРЛИН (Германија)

СПОРТИНГ Л. (Португалија)

–  МАГДЕБУРГ (Германија)

КАДЕТЕН Ш. (Швајцарија)

–  САВЕХОФ (Шведска)

ЛЕМГО (Германија)

–  ВИСЛА ПЛОК (Полска)

ТУЛУЗ (Франција)

–  БЕНФИКА (Португалија)

ГОРЕЊЕ (Словенија)

–  НИМ (Франција)

Осминафиналните натпревари се закажани за 29 март и 5 април

Четвртфиналните натпревари се закажани за 26 април и 3 мај