Македонија
10. March 2022 - 16:32

Ден на бубрегот - Превентивни прегледи секоја година

Само 2,5 години е најмладиот пациент во земјата кој е на домашна дијализа, а 90 годишна пациентка е најстарата која трипати неделно оди на прочисутвање на крвта.

Статистички, бубрежната болест е повеќе застапена кај возрасната популација и машкиот пол, додека пак, жените се побројни донори на органи. Нефролозите апелираат – барем еднаш годишно проверувајте ја функцијата на бубрезите.

-Колку е сериозна бубрежната болест видовме и во време на пандемијата со тоа што бубрежните заболувања беа рангирани како една од неколкуте коморбидитети за тешка клиничка слика на пациентите со Ковид-19. Мора мултидисциплинарен пристап, ние и за време на пандемијата третираме наши пациенти. Апелирам да размислиме за зеднички настапи, активности во текот на идната година и заеднички да делуваме, изјави др. Ирена Бушљетиќ, директор на Клиника за нефрологија. 

Нефролозите велат дека еден од десет возрасни или околу 200.000 граѓани во нашата земја имаат некоја форма на бубрежно заболување. На дијализа одат околу 1600 пациенти за кои спасот е пресадување на орган. 

За време на двете пандемиски години беа направени 42 трансплантации од кои 20 од кадавер. 

Годинешниот светски ден на бубрегот е со мотото – Да се надминат непознавањата за да се зачува функцијата на бубрезите.