Loading Video...
Ракомет
13. March 2022 - 11:16

Вечерва собир на македонските ракометарите пред баражот со Романија

Вечерва (20 часот) во хотелот „Александар Палас“ селекторот и капитен на најдобрата македонска  ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, ќе ја има првата прозивка на ракометарите кои се најдоа на неговиот список за престојните бараж дуели против Романија, која е прва пречка за пласма на Светското првенство во догодина. 
 
На списокот на Лазаров се најдоа 21 ракометар, кои во наредните денови ќе одработат мини подготовки во СЦ Борис Трајковски каде и ќе се игра мечот со Романците.
 
Првиот натпревар Македонија – Романија е закажан за во четврток (17 март) со почеток од 19 часот, додека реваншот е два дена подоцна (19 март) во Букурешт. 
 
Доколку успееме да ги минеме Романците, тогаш ќе следуваат и двата дуели Чешка и тоа првиот на гости на 13 април, а реваншот во Скопје на 16 април.