Loading Video...
Ракомет
14. March 2022 - 12:02
Македонските ракометарите во некомплетен состав го одработија првиот тренинг пред баражот со Романија
Машката македонска ракометна репрезентација, денеска го одирќа првиот тренинг, пред бараж дуелите со Романија, преку кои ќе се брка нов настап на СП.
Откако вчера се собраа во хотелот „Александар Палас“, утринава македонските ракометари предодени од селекторот и капитен Кирил Лазаров, утринава го одржаа првиот тренинг. Иако во некомплетен состав, црвено-жолтите, одат според планот. Вечерва треба да пристигнат Пешевски и Миркуловски, кои ќе ги проследат и анализите на противникот, а утре последен се приклучува голманот Митревски.
„Ние не треба да се оптоваруваме со Романија. Почнавме една работа која треба да ја продолжиме и да ја надградиме. Има работи со кои сум задоволен, но има работи кои треба да ги поправиме. Колку и да си добар секогаш има простор за напредување. Важно е дека сме на добар пат и сигурен сум дека ќе се подготвиме добро. Пред нас сериозен противник, кој никако не смееме да го потцениме, напротив треба да го гледаме со респект, бидејќи познавајќи го новниот селектор Чави Пасквал, сигурно ќе подготви некое изненадување. Сигурен сум дека добро ќе се подготвиме за тие бараж натпревари“, истакна селекторот. Лазаров.
Романија е првата пречка за пласма на Светското првенство, што догодина ќе се одржи во Полска и Шведска.
Првиот натпревар Македонија – Романија ќе го играат во СЦ Борис Трајковски, во четврток (17 март) со почеток од 19 часот, додека реваншот е два дена подоцна (19 март) во Букурешт.
Доколку успееме да ги минеме Романците, тогаш ќе следуваат и двата дуели Чешка и тоа првиот на гости на 13 април, а реваншот во Скопје на 16 април.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->