Македонија
21. March 2022 - 16:33

Учениците чекаат владина одлука за да ги симнат маските во училница

Кризниот штаб и Владата треба да пресечат дали од среда учениците од 1 до 9-то одделение ќе одат без маски на настава. Комисијата за заразни болести го донесе овој предлог минатата недела, но се уште не е дефинирано дали утре ќе се најде и пред министрите. И додека основците чекаат одлука за слободно да дишат, засега ваква препорака нема да има и за средношколците. Министерот за здравство вели дека вирусот се уште го има меѓу населението.

-Јас би сакал сите да ги сименеме маските, и вие сега да сте без маски, но тоа секако зависи од епидемиолошката состојба која ја следиме и сеуште има заразени на дневно ниво, значи рано е за тоа, вели Беким Сали, министер за здравство.

Додека учениците чекаат на Владата, здравствените власти фокусот го ставија на вакцинацијата. Од Шуто Оризари стартуваше карванот за имунизација кој во следните 14 дена ќе посети 14 места низ државата. Ретко за прва, најмногу интерес има за трета доза.

-Трета и добро е да има вакви работи, да се спасиме од овој вирусот, вели жител на Шуто Оризари

-Трета, страв ни е, имам астма, притисок, вели жител на Шуто Оризари

-Интерес има и најмногу се за трета доза, мал број за втора за прва немаме, вели др. Снежана Зоксимовска.

Македонија е далеку од европскиот просек на вакцинација и помалку од 50 проценти од населението е заштитено од ковид. Поддршка на карванот има и од амерканската амбасада и УНИЦЕФ.

-Јас сум вакцинирана и сметам дека вакцините се безбедни и ефикасни. Како што кажа министерот пандемијата не е завршена и тоакму затоа и се приклучивме како партнери во овој проект, изјави Кејт Мери Брнс, амбасадот на САД во земјата

-Овде освен вакцинација можат да добијат и информации за други работи од професионални лица, изјави Патриција ДиЏовани Уницеф

Во мобилниот пункт во Шуто Оризари се појавија и лица фантоми кои мораа да добијат посебни броеви од Мој Термин за да добијат вакцина.

-Се работеше на тоа овие лица да добијат документи, дел добија но ќе гледаме да добијат до последен, вели Курто Дудуш градоначалник на Шуто Оризари.

-Не знаеме колку од нив се вакцинирани, инаку евидентирани се околу 700 лица без лични документи, вели Елвис Шаќири од Ромалитико.

Карaванот за имунизација утре е во Кратово.