Кошарка
23. March 2022 - 11:57

Тешка задача за пелистерци во вечерашниот меч против Хелиос

Кошаркарите на бителоски Пелистер вечерва од 21 часот го игра претпоследниот натпревар во дебитантската сезона во АБА 2 лигата. 
 
Пелистерци ќе имаат тешка задача да стигнат до поасакуваната победа, со која би ги сочувале теоретските надежи за опстаник во лигата. Тие вечерва ќе се сретнат со трето рангирената екипа на табелата, совенечкиот Хелиос тим кој заедно со Борац бана Лука се конкуренти на МЗТ Скопје Аеродром за првата позиција. 
 
Македонскиот првак со победата над домаќинот на турнирот Широки 91-78 се проби на лидеркото место, во исчекува на дуелот меѓу Борац и Сутјеска со кој ќе биде заокружено 10-тото коло.