Loading Video...
Ракомет
26. March 2022 - 19:01

Пелистер го доби дербито против Вардар

Дерби дуелот од 2.коло во плеј-оф конкуренцијата се одигра во СЦ Јане Сандански каде актуелниот шампион Вардар го пречека вице-првакот Еурофар Пелистер. 
 
Во меч исполнет со голема борба бодовите ги освоија Битолчани кои уште на полувремето најавија дека одат на пол плен добивајќи го првиот дел со 12-11. 
 
Токму тој гол предност успеаја да го сочуваат до самиот крај и да го добијат мечот со конечни 24-23. 
 
Со оваа победа сега Пелистер се врати на првата позиција на табелата пред Вардар кој е второ рангиран.
 
Овој триумф сигурно ќе значи многу за зелено-белите кои во продолжението на плејоф лигата ќе го одиграат возравтниот меч со вардарци пред својата публика во Битола, кон крајот на април месец, а тој дуел се се очекува да се бие директна битка за титулата. 
 
На останатите две средби од ова коло денеска играат, Охрид – Бутел Скопје и Тиквеш –  Е. Пелистер 2.