Loading Video...
Кошарка
9. April 2022 - 17:41
Познати сите ученици во плејофот на Евролигата
Во Евролигата познати се сите осум екипи кои ќе разигруваат за шампионскиот трофеј.
Сепак за комплетирање на четвртфиналните двојки од плејофот, ќе треба да се почека исходот од заостанатиот натпревар меѓу Макаби Т.А. и Фенербахче што ќе се игра на 13 април.
Доколку израелскиот тим забележи победа тогаш ќе го освои
5.место на табелата и во четвртфиналето ќе игра против Реал Мадрид. Во спротивни, пораз на Макаби би му го донел Армани Милано во четвртфиналето, додека Анадолу Ефес би играл против Реал.
Сигурни двојки за првата нокаут фаза се Барселона – Баерн Минхен и Олимпијакос – Монако.
Четвртфиналната рунда се игра во три добиени натпревари, а првите на програмата се на 19 април
Победниците ќе обезбедат пласман на завршниот „фајнал-фор“ турнир што од 19 до 21 мај ќе се одржи во Белград.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->