Македонија
13. April 2022 - 16:33

Инфективната клиника 2 недели ќе биде под клуч за да се дезинфицира

Вработените на колективен одмор Инфективна на целосна дезинфекција. Од утре па до 3 мај клиниката ќе биде затворена за пациенти а во болничките соби и ходници ќе има темелно чистење на душеци, јастуци, медицински мебел. Тројца ковид пациенти веќе се префрлени во ГОБ 8-ми септември каде ќе продолжат со болничкото лекување. Од установата која беше најмногу на удар во изминатиот период велат дека овие две недели добро ќе им дојдат и на медицинските работници за да соберат сили за следниот период.

 Не се работи за класичен колективен одмор, ќе биде извршена целосна дезинфекција, а во тој  преоден период сите пациенти кои што ќе имаат потреба  ќе бидат упатувани во болницата “8 Септември”. Секако доколку дојде до некој наплив има и други установи кои ќе можат да згрижуваат, вели Беким Сали, министер за здравство.

Во ГОБ 8ми септември со пациентите од Инфективна веќе имаат над 20 хоспитализирани со ковид, но паралено нормално функционираат сите останати оддели во болницата.

Според последните извештаи, во државата на болничко лекување има околу 60тина пациенти од кои помалку од половината се на кислородна поддршка.