Loading Video...
Кошарка
14. April 2022 - 7:36

На „крилата“ на “Фемили“ аеродромци до полуфиналето

Во СЦ „Јане Сандански“ се одржува завршниот турнир од АБА2 лигата, кој треба да го даде и патникот во елитната конкуренција следната сезона. 
 
Македонскиот фаворит, шампионот МЗТ Скопје Аеродром ја мина првата пречка, откако во четвртфиналето ја црноготската екипа Сутјеска. Бодрени од три илјадната публика, аеродромци иако одиграа под притисок на императивот победа, сепак, сосема заслужено се радуваа на победата, со конечни 73-68. 
 
 
„Одигравме тежок натпревар, ова беше прв меч и нормално е дека поправен нема. Нашиот напад прво беше малку во грч, но потоа најдовме решенија. Им честитам на момците, имавме контрола на скокот, поддршка од нашите навивачи и тука ја имавме победата. Кога имаш ваква атмосфера, тешко е да загубиш натпревар“, изјави Александар Петровиќ  тренерот на МЗТ. 
 
Разбрливо прикажаната игра и апелот од играчите секако ќе биде и дополнителен поттик за љубителите на кошарката, особено симпатизерите на МЗТ веќе утревечер да бидадат во што поголем број во дуелот протов Широки Бријег полуфиналната пречка на патот кон АБА1 лигата. 
 
Томот на Широки за полуфинале против МЗТ се избори добивајќи ја босанската пресметка против сараевски Спарс со 85-81. 
 
Дуелот меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Шркоки Бриејг ќе се игра утревечер во терминот од 21 часот, додека претходно во првата полуфинална пресметка од 18 часот ќе играат Борац Бања Лука и Златибор. 
 
Финалето е закажано за во недела од 19 часот