Loading Video...
Фудбал
20. April 2022 - 12:09

Ливерпул го декласира Манчестер Јунајтед со 4-0

Ливерпул го декласира Манчестер Јунајтед со 4-0 во дерби дуелот од 32 коло на Премиер лигата. 
 
На средбата одиграна на „Енфил“ домаќините доминираа во текот на целиот меч, а уште во петата минута со голот на Дијаз ја најавија победата. 
 
Мохамед Салах во 22-та минута го спотигна својот прв гол на мечот за водство на Ливерпул од 2-0. 
 
Во вториот дел прво Сане во 68-мата, а потоа одново Салах во 85-тата минута само ја потврдија доминацијата на Ливерпул во дуелот со Јунајтед.
 
Со трите освоени бодови Ливерпул изби на првото место на табалата со 2 бода повеќе од Манчестер Сити кој вечерва го игра својот меч од оваа рунда и тоа на домашен терен против аутсајдерот Брајтон.