Loading Video...
Кошарка
20. April 2022 - 14:40
Почетна предност за Барселона и А.,Ефес во плејофот на Евролигата
Во Евролигата започна разигувањето за шампионската титула.
Најдобриот тим од регуларниот дел, Барселона можеби потешко од очекуваното, но го совлада минхенски Баерн со 77-76, за водство од 1-0 во серијата подобар до три победи.
Затоа пак „брејк“ на гостински терен направи Анадолу Ефес кој во Милано го надигра популарните „манекини“ на Армани со 64-48.
И следните два натпревари ќе се играат во Барселона и Милан, по што сериите се селат во Минхен и Истанбул.
Денеска на програмата се првите четвртфинални средби меѓу Олимпијакос и Монако, односно Реал Мадрид и Макаби Тел Авив.
Победниците од четвртфиналето ќе обезбедат пласман на завршниот „фајнал-фор“ турнир што ќе се одржи во Белград на 19 и 21 мај
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->