Loading Video...
Кошарка
24. April 2022 - 11:44

Бруклин пред елиминација од Бостон, Дончиќ не му помогна на Далас да избегне пораз од Јута

Екипата на Бостон е на победа од пласман во полуфиналето на плејофот во Источната конференција. 
 
„Селтикси“ го забележаа и третиот триумф во дуелите со Бруклин и тоа на гостински терен со 109-103 со што поведоа со 3-0 во победи во серијата подобар до четири. 
 
Неизвесен беше дуелот во Солт Лејк каде Јута со еден поен разлика го доби мечот против Далас (100-99). 
 
Иако за прв пат во оваа серија за Далас настапи Лука Дончиќ, кој имаше дабл-дабл со 30 поени и 10 скокови, сепак тоа не им помогна на „мавси“ да го избегнат поразот, па Јута поведе со 2-1 во победи.
 
Еден поен повеќе им беше доволен и на кошаркарите на Минесота да го совладаа Мемфис со 119-118 и да го израмнат „скорот“ на 2-2 во победи.