Loading Video...
Кошарка
28. April 2022 - 12:30
Барселона, Олимпијакос и Анадолу Ефес ги дели по уште една победа од „фајнал-форот“
Во Евролигата се играат четвртфиналните дуели од плејофот.
Досега само Реал Мадрид обезбеди пласман на завршниот Фајнал-фор, за кој реални шанси има и нивниот лут ривал Барселона.
Каталонскиот клуб поведе со 2-1 во победи во серијата подобар од три, откако на гостувањето во Минхен го совлада Баерн со 75-66. Првата „меч топка“ Барса ќе ја има веќе утре повторно на теренот на противникот.
Во иста ситуација е и тимот на Олимпијакос кој како гостин го победи Монако со 87-83 за водство од 2-1 во победи, а можноста да стигне до третата ќе ја има повторно на гостински терен утревечер.
Вечерва пак таква шанса ќе имаат кошаркарите на Анадолу Ефес кои пред своите симпатизери во дуелот против Армани Милано влегуваат со предност од 2-1 во победи, па доколку тиумфираат и вечерва Анадолу Ефес ќе ми се приклучи на Реал во полуфиналето.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->