Loading Video...
Кошарка
28. April 2022 - 12:30
Милвоки и Голден Стејт се пласираа во конфенерциските полуфиналиња на НБА плејофот
Екипите на Милвоки и Голден Стејт се пласираа во конфенерциските полуфиналиња на НБА плејофот.
Актуелниот шампион Милвоки, предводен од Антетокумпо и неговите 33 поени и 9 скокови славеше над Чикаго со 116-100 и со 4-1 во победи ја доби четвртфиналната рунда, па во полуфиналето за противник ќе го има тимот на Бостон.
Со ист реаултат 4-1 во победи заврши и серијата меѓу Голден Стејт и Денвер откако петиот меч „воините“ го добија со 102-98, меч во кој по 30 поени постигнаа Стеф Кари за победничката и Никола Јокиќ за поразената екипа.
Голден Стејт сега го чека исходот од дуелот меѓу Мемфис и Минесота во која тимот на Минесота има предност од 3-2 во победи.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->