Loading Video...
Кошарка
29. April 2022 - 11:11
Феникс, Далас и Филаделфија се пласираа во конфенерциските полуфиналиња на НБА плејофот
Екипите на Феникс, Далас и Филаделфија се пласираа во конфенерциските полуфиналиња на НБА плејофот.
Најдобриот тим во регуларниот дел на сезоната Феникс на гости го совлада Њу Орлеанс со 115-109 и со 4-2 во победи ја доби четвртфиналната серија.
„Сонцата“ во полуфиналето за противник ќе го имаат тимот на Далас кој исто така на гостински терен кај Јута славеше триумф со 98-96 си ја заврши серијата со 4-2 во победи.
Со ист „скор“ заврши и пресметката меѓу Филаделфија и Торонто, откако и на овој меч подобри беа гостите од Филаделфија кои го добија шестиот натпревар со убедливи 132-97.
Филаделфија за противник во полуфиналето ќе го има тимот на Мајами, додека вториот полуфинален пар на истокот го сочинуваат Бостон и Милвоки.
Кој ќе биде последниот патник во конференциското полуфинале ќе дознаеме по дуелот меѓу Мемфис и Минесота во кој „гризлите“ имаат предност од 3-2 во победи.
Подобриот од оваа пресметка ќе оди на мегдан на Голден Стејт во полуфиналето на западната конференција.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->