Колективниот одмор на Инфективна и реконструкцијата на Ургентен ја наполни Градската болница
Двојно е зголемена работата на инфективното одделение во ГОБ 8-ми септември со околу 60 прегледи дневно. Колективниот одмор на Клиниката за инфективни болести и реновирањето на клиничкиот ургентен центар на грбот на вработените во најголемата градска општа болница. Ги згрижуваат сите, а во моментот се и единствената установа во Скопје за третирање на ковид болни.
-Поради ова ние моравме да направиме целосна прераспеделба во болницата, потрошниот материјал, апаратура се со цел да бидат примени сите кои имаат потреба на инфективниот оддел без разлика дали станува збор за вирусно или бактериск оинфективно заболување, вели др. Христијан Костов, директор на ГОБ 8-ми септември.
Под силен притисок оваа недела се и вработените во Ургентен каде за 30 проценти веќе имаат зголемен обем на работа поради реновирањето на ургентните амбуланти во ТОАРИЛУЦ. Најголем број од пациентите кои бараат итна помош биле за хоспитализација.
-Добивме известување од ТОАРИЛУЦ и овде треба да доаѓаат односно да ги примаме хируршките случаи. Веќе се чуствува зголемен обем на работа а и сега поради затоплувањето на временските услови граѓаните повеќе се физички активни и има трауматизирани трауми, вели др. Костов.
Ковидот засега не ги загрижува вработените во ГОБ 8-ми септември. Во моментот хоспитализирано имаат 12 пациенти а дневно околу 5 до 6 граѓани поминуваат во посебните амбуланти. Лекарите очекуваат мирен летен период а како ќе биде од наесен, велат ќе покаже времето.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
