Со транспарентни и објективни информации за јавноста и борба против лажните вести до поголем опфат со вакцинација
Со транспарентни и објективни информации за јавноста и борба против лажните вести до поголем опфат со вакцинација.
Ова е пораката од Лекарската комора на последниот ден од светската недела за имунизација. Алармираат дека пандемијата и засиеното антивакцинално движење многу го намалил процентот на вакцинирани деца со МРП и со поддршка на лекарите за подобра промоција на вакцините да биде вратено задоволителното ниво на колективна заштита.
Статистиката покажува дека изминатите две години голем број деца не ја примија првата доза за заштита од морбили а има и многу пропуштени основци кои не се појавиле на ревакцинација.
Од ЛКМ како член на европската Коалиција за вакцинација го делат нивниот став – редовната вакцинација да се смета за приоритет за сите возрасни групи, особено за децата; возрасните, особено ризичните групи и постарата популација да примат бустер доза против Ковид-19, а бегалската популација, особено децата, да добијат лесен пристап до вакцинација.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
