Loading Video...
Кошарка
3. May 2022 - 12:11
Феникс и Мајами поведоа со 1-0 во полуфиналиња против Далас и Филаделфија
Екипите на Феникс и Мајами ја искористија преднста на домашниот терен и ги добија првите средби од конференциските полуфиналиња против Далас и Филаделфија.
Најдобриот тим од регуларниот дел на сезоната Феникс го совлада Далас со 121-114.
Иако Лука Дончиќ имаше брилијантен наста со 45 поени и 12 скокови и 8 асистенции, сепак тоа не им помогна на гостите од далас да го избегнат првиот пораз.
Кај сонцата одличен натпревар одиграа Девин Букер кој на 23-те поени придодаде 9 скока и 8 оасистенции, како и Диандре Ејтон со 25 поени и 8 скока.
Крис Пол иако средбата ја заврши само со 3 асистенции, сепак за искусниот плејмејкер тоа беше доволно да се искачи на петата позиција на листата на најдобри асистенти во плејофот, минувајќи го Тони Паркер.
36-годишниот Пол кој инаку е трет на севкупната листа (пред него се само Џон Стоктон и Џејсон Кид) сега стигна до вкупно 1.144 асистенции во разигрувањето, и е зад Меџик Џонсон (2.346), Леброн Џејмс (1.919), Џон Стоктон (1.839) и Џејсон Кид (1.263).
Првиот тим во Источната конференција Мајами славеше победа во дуелот против Филаделфија со 106-92.
Гостите на овој меч настапија без својот најдобар играч Џоел Ембид, па „хитси“ го искористија тоа и предводени од Тајлер Хиро и Бам Адебајо заслужено се радуваа на победа.
Хиро запиша 25 поени, а Адебајо оствари дабл-дабл со 24 поени и 12 скока.
И вториите натпревари во серијата подобар до четири победи, закажани по два дена (четврток), ќе се играат во Феникс и Мајами, по што ќе следуваат два на терените на Далас и Филаделфија.
Ноќеска на програмата се дуелите меѓу Бостон и Милвоки, одосно Мемфис и Голден Стејт во кои гостинските екипи ќе влезат со предност од 1-0 во победи.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->