Loading Video...
Кошарка
4. јуни 2022 - 10:42
Партизан се избори за мајсторка со Црвена Звезда во финалето на АБА лигата
Екипите на Партизан и Црвена Звезда ќе играат решавачки петти натпревар во финалето во регионалната АБА ЛИГА
Ова откако Партизан ја искористи предноста настапувајќи пред своите симпатизери и ја декласира Црвена Звезда со 112-84 во четвртиот натпревар со што црно-белите го израмнија резултатот на 2-2 во победи.
Мајсторката која ќе реши кој ќе ја освои шампонската титула во АБА лигата, а со тоа ќе избори и учество во елитната Евролига следната сезона ќе се игра во понеделник (20 часот).
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->