Спорт плус
4. јуни 2022 - 10:45
Македонските одбојкари без право на грешка на гостувањето кај Албанија во дуел од Европската Сребрена Лига
Најдобрата машка одбојкарска репрезентација на Македонија во овие моменти го игра четвртиот меч во Европската Сребрена Лига.
Нашите одбојкари и гостуваат на Албанија во меч од 4.коло.
По поразот во првиот меч пред три дена кога Албанците во Скопје славеа со 3-1, на денешниот дуел победата е императив за нашите одбојкари.
Имајќи ги во предвид досегашните резултати и изгледот на табелата на која Романците се лидери со максимални три победи, а Македонија, Албанија и БиХ имаат по една победа и пораз, јасно е дека овие три селекции ќе се борат за втората позиција, а со тоа и пласман на завршниот турнир во Унгарија.
Дуелот меѓу Албанија и Македонија ќе започне од 19 часот, а претходно од 16 часот ќе играат БиХ и Романија.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->