Loading Video...
Спорт плус
28. јуни 2022 - 15:21
Комплетирани четвртфиналните двојки на СП во ватерполо
На светското првенство во водени спортови што се одржува во Будимпешта познати се четвртфиналните парови на ватерполо турнирот во машка конкуренција.
Во четвртфиналето дербито ќе го играат ватерполистите на Србија и Хрватска.
Во останатите три четвртфинални дуели ќе се сретнат Црна Гора и Шпанија, Италија ќе игра против домаќинот Унгарија, додека Американците за противници ќе ги имаат Грците
Четвртфиналните дуели на програмата се утре.
Четвртфинале (29.6.):
ГРЦИЈА - САД (13.00 ч.)
СРБИЈА - ХРВАТСКА (16.00 ч.)
ШПАНИЈА - ЦРНА ГОРА (19.30 ч.)
УНГАРИЈА - ИТАЛИЈА (21.00 ч.)
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->