Loading Video...
Спорт плус
28. јуни 2022 - 15:22

Македонските одбојкарски селекции поразени на Медитеранските игри

Во колективните спортови на Медитеранските Игрите во Оран, Алжир, Македонија е претставувана со четири селекции, во одбојка и ракомет. 
 
Одбојкарите го претрпеа и вториот пораз. Откако вчера беа совладани од Египет со убедливи 3:0 по сетови, денеска во рамките од А групата, нашите одбојкарки го загубија и дуелот Италија во три сета со 25-19, 25-16 и 25-23. 
 
Со овој пораз тие ги загубија шансите за настап во четвртфиналето. 
 
И одбојкарките со максимални три порази го завршија својот настап. Тие беа дел од групата Б во која загубија од Египет со 1:3, односно Тунис со 0:3 во првите две рунди, а денеска во последната беа совладани од Грција со 3:0 по сетови 25-18, 25-16 и 25-19
 
Затоа пак подмладената машка ракометна селекција влева голема надеж. 
 
Нашите ракометарки кои се натпреваруваат во рамките од Б групата, синоќа во првата рунда ја декласира селекцијата на Грција со 18 гола разлика (39-21). 
 
Во овие моменти избраниците на селекторот Кирил Лазаров го играат вториот дуел, а противник е домаќинот Алжир. Доколку црвено-жолите слават победа тогаш ќе направат голем исчекор кон пласман во полуфиналето.