Османи обелодени делови од протоколот со Бугарија - ќе го потпише утре во Софија
Бујар Османи со неговата бугарска колешка Генчовска, утре во Софија ќе го потпишат протоколот кој воедно е услов за одржување на првата меѓувладина конференција закажана за 19 јули во Брисел. Османи на новинарски брифинг пред патување во Бугарија, вели дека во протоколот нема одредби кои ќе и наштетат на земјата, туку точки кои се задолжителни и за двете земји но претходно кои добиле зелено светло од сите членови на мешовитата историска Комисија. На пример, има одредба во 2022-2023 да се слават заеднички историски настани за кои се согласила Комисијата или пак во 2024 да дојде до услогласување на учебници, меѓутоа со претходно зелено светло на историчарите. Инаку, спроед протоколот и двете држави ја охрабруваат Комисијата да го заврши Средниот век за една година, но не ја обврзуваат. Услов во протоколот но и во преговарачката рамка е внесувањето на Бугарите во македонскиот устав и доколку до тоа не дојде нема отворање на поглавјата. Од Владата, пак, по прифаќањето на францускиот предлог со уверување дека нема задирање на македонскиот јазик и идентитет.
-Поради оваа посветена работа ние денес имаме преговарачка рамка во која македонскиот јазик и идентитет се зачувани, историските прашања се надвор од истата, а ние сме веќе на чекор од одржувањето на првата меѓувладина седница која ќе го означи почетокот на преговори на Северна Македонија со Европската Унија, изјави Димитар Ковачевски, премиер на Владата.
По владината одлука за прифаќање на францускиот предлог, реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ.
-Информацијата која денес ја изгласаа антимакедонците од СДСМ нема никакво значење, затоа што преговарачката рамката ја условува Владата, а тоа е промена на Уставот на државата со цел вметнување на Бугарите во Уставот. Промена на Уставот на Македонија нема да има, а тоа нема да го дозволат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Исто така ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага за измена на преговарачката рамка, каде што сите спорни делови со кои се асимилира државата и македонскиот народ да бидат избришани и изоставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
