Кошарка
30. July 2022 - 19:48
У-18: Порази на македонските кадетски селекции
Јуниорската селекција на Македонија во возбудлив натпревар загуби од Израел со 79-70 на првиот меч на Европското првенство што се одржува во Турција.
По добрата игра во првата четвртина која ја добивме со 18-15 следуваше голем пад во следните десет минути на натпреварот па противникот успеа да дојде до пресврт и да доминира во продолжението од мечот.
Израелците по завршувањето на првото полувреме имаа 6 поени предност (42-36), и до крајот не дозволија да дојде до промена на резултатот.
Во овој пораз најдобар беше Тео Симиќ со 25 поени и 12 скокови.
Во втората рунда Македонија ќе игра со фаворитот Франција која стартуваше со убедлива победа против Велика Британија со 97-45.
Јуниорките пак настапуваат на ЕП од Б- дивизијата во Бугарија и на стартот загубија убедливо со 94-27 од селекцијата на Португалија.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->