Македонија
19. September 2022 - 16:35

Ќе има ли ФЗОМ пари за сметките за струја на здравствените установи

Нема да купуваат медицински мебел и други непродуктивни трошоци за полесно  да ја пребродат тешката зима и енергетската криза. Од ТОАРИЛУЦ велат дека на овој начин можат да ги почитуваат препораките од Владата што ги добиле за и болниците и клиниките да се вклучат во штедењето. Сметката за струја на оваа установа е за 4 пати повисока во споредба со ланскиот период, но Ургентен, КАРИЛ како и операционите сали мора да работат 24 часа.

- Како директор испратив писма до сите мои колеги да се придрзуваме кон рационално трошење, да се исклучуваат комјутери во канцеларија после работа, да нема грејни тела и клима уреди. Но пациетите на никој начин не смеаат да бидат загрозени од штедењето, вели др. Александар Трајановски директор на ТОАРИЛУЦ.

Засега нема никакви ограничувања во амбулантите и операционите сали. За евентуално редуцирање на прегледи и хирурршки интервенции кои не се итни ТОАРИЛУЦ треба да добие насоки од МЗ а тие пак од Влада.

-Доколку имаме такви насоки, тогаш секако ќе гледаме да бидат тоа елективни интервенции, додека, пак, итните случаи секако веднаш ќе се примаат без никакви ограничувања. Но во овој момент се вршат сите интервенции и прегледи, вели Трајановски.

Мерки на штедење на електрична енергија веќе се на сила во ГОБ 8-ми септември каде е забрането користење на дополнителни грејни тела, пред влезовите нема светлечки реклами а просториите кои се климатизирани се на 20 степени. Болницата има и највисока сметка за електрична енергија – дури 240 000 евра за еден месец.

Здравствените установи очекуваат поголеми буџети од Фондот за здравство за да ги покријат трошоците – но дали ќе има доволно пари за сите.