Македонија
12. October 2022 - 16:35

Трае постапката околу изборот на надзор за Коридорите 8 и 10

Во тек е постапката за избор на надзор и консултант за Коридорите 8 и 10, а по нејзиното затворање јавното претпријатие за државни патишта ќе ја информира јавноста колку компании се во игра за да го добијат тендерот. Доколку постапката е успешна, ќе се влезе во преговори со консултантската куќа, информирашпе денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

- Доколку преговорите бидат успешни и се склучи договор помеѓу државата и компанијата Бехтел, веднаш потоа ќе се влезе и во фаза на проектирање и експропријација за да се започне и непречено да се гради, изјави Благој Бочварски, министер за транспорт и врски.

Делницата од Гостивар кон Кичево ќе оди по сосема нов терен и доколку нема многу приватно земјиште ќе може побрзо да се стартува со градба, смета Бочварски.

- Исто така и делницата Прилеп-Битола, но и делницата Тетово-Гостивар, имотно –правните прашања се важни со цел да се отклонат за градежните работи да се одвиваат непречено, додаде Бочварски.

Бочварски заедно со директорот на ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта извршија увид на транзитот низ Штип, кој се рехабилитираше со средства во висина од 20 милиони денари.