Недозволиво е суспендирање на колективните договори реагираат правниците
Законот за работни односи подолг период стои во фиока, а една од причините е политичката криза во земјата. Недозволиво е да се донесе одлука за суспендирање на колективните договори, бидејќи тоа дополнително ќе влијае врз вработените и економијата, смета професорот по трудово право при Правниот факултет на УГД, Андон Мајхошев.
-
Законот се уште е во предлог фаза. Социјалните партнери дискутираа до одреден временски период, меѓутоа сега има застој во социјалниот дијалог и се чека оваа политичка криза која е присутна во државата да престане-изјави Aндон Мајхошев, Правен факултет -УГД-Штип.
Колективните договори се акти кои се на линија и со значење на Закон и не може да се суспендираат доколку нема промена на целиот трудово-правен систем, додаде професорот Лазар Јовевски.
-
Тоа не може да се случи, затоа што ние имаме обврски кон меѓународните организации и кон европските стандарди кои што сме ги веќе имплементирале и прифатиле. Темата е по мене затворена, но еве се отвори како една неспретност, не знаење или можеби начин за да се реши некоја ситуација, но очигледно на тој начин не ќе може да се решаваат проблемите- изјави Лазар Јовески, Правен факултет-УГД-Штип.
Кризата во работните односи и трудот се провлекува со години, а не изнаоѓањето на соодветно решение, според Јовевски, е главна причина за разочараноста кај луѓето, иселувањето на младите и слабеењето на синдикалниот дух.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар