Македонија
23. October 2022 - 16:38

Штипјани се жалат на високите сметки

Штипјани тешко ќе ја пребродат претстојната зима. Цените на основните прехрамбени производи и нафтените деривати вртоглаво растат, а примањата се минимални. 

Се штеди на се, велат, но едвај врзуваат крај со крај.

Најповеќе ги плаши покачувањето на електричната енергија.

За сега извесно е само дека ќе нема рестрикции за затоплување на училниците. Од локалната самоуправа информираа дека се обезбедени доволно количини на енергенси за основните и средни училишта во градот за претстојната грејна сезона.