Јавните претпријатија на работ на ликвидноста
Водовод“ – Кочани не успеа да се договоори со добавувачот на електрична енергија, долгот да го плати на рати. Управната зграда и неколку единици, 8-ми ден се исклучени, со цел да се рационализира потрошувачката.
Сметката за струја за месец август е 18 милиони денари или за 50% повеќе од месечниот приход на претпријатието, кој изнесува 12 милиони денари.
Во ваква и слична ситуација се и јавните комунални претпријатија во Радовиш, Гевгелија, Богданци, Демир Хисар, а во Куманово беше пред целосно исклучување од електро енергетската мрежа. Затоа од АДКОМ побараа унифицирано решение.
И во разговорите со Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги и нашите обраќања до Собранието за некавки законски измени во Законот за енергетика, да бидеме ставени во делот на мали потрошувачи или домаќинства, затоа што ние продаваме вода, што е основна потреба или услуга за одведување на отпадни води што е многу битно за животната средина. Меѓутоа, еве некако тоа се одолговлекува некое време и се наталожуваат и проблемите, изјави Пеце Милевски, претседател на АДКОМ.
Наједноставно е Регулаторот да ја зголеми цената на услугите, но на тој начин целиот товар ќе го сносат граѓаните. Треба да направиме сите се што можеме за граѓанинот да не ја сноси најголемата обврска и да падне на грбот на граѓаните, оти и така е се веќе поскапено, додаде Милевски.
Доколку се продолжи со оваа динамика, до Нова Година најголем дел од водоводните претпријатија ќе ја поминат границата на ликвидност.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар