Македонија
14. November 2022 - 12:19

Кочански Водовод бара поскапување на геотермалната вода

Кочански „Водовод“ ќе побара од Советот на општината да ја покачи цената на геотермалната вода, кој располага со овој природен топлински ресурс. Актуелната цена од 33 денари за метар кубен не дозволува системот да биде функционален, зашто е под економскиот минимум.

  • Се работи за еден потенцијал од Бога даден на општина Кочани и сметам дека треба да бидеме сите одговорни во делот на овозможување на услови за реално и економски исплатливо фунционирање и на едната и на другата страна. Зборувам на страната на ЈКП „Водовод“ кое стопанисува и на страната на корисниците на топла вода кои ги користат количните за загревање на своите комплекси- изјави Љупчо Папазов, градоначалник на Кочани.

Во моментот 14 корисници склучиле пред договори со ЈКП за користење на геотермалната вода по ново предложената цена, а останатите, кои се во помал број, се одлучиле да бараат други топлински извори.

  • ПОвеќе компании покрај цевководот кој води до градот, во градот се снабдуваат две основни училишта и гимназијата, неколку компании од индустрикото производство, делот на услугите и помали корисници на кои им значи оваа енергија, се во списокот на компании кои заклучија пред договори со ЈКП- додаде Папазов

Средствата прибрани од дистрибуција на геотермалната вода „Водовод“ ќе ги искористи за плаќање на долгот за потрошена електрична енергија , кој достигна  милионски износ во евра.