25 годишно момче од Македонија пронајдено мртво на улица во Софија
Македонски државјанин е пронајден мртов пред хотел во Софија. Оваа трагична вест ја пренесоа неговите пријатели преку социјалните мрежи. Безживотното тело на 25 годишниот Стојан Спасов е пронајдено во саботата. Според нашите информации телото на момчето е предадено на обдукција за утврдување на причините поради кои настапила смртта.
Извори за Сител од службите во МНР велат според извештајот кој го добиле, полицијата не констатирала траги на насилство кај момчето. Според нашите информации Македонецот колабирал пред хотелот Фешн во Софија во близина на големиот шопинг мол Парадајс.
Младото момче имало двојно државјанство македонско и бугарско. Извесно време живеел во Софија и се занимавал со спорт. За неговата смрт информирано е македонското МНР од каде соопштија дека веднаш по добиените информации стапиле во контакт со надлежните во Бугарија. Преку МВР веќе е стапено во контакт со семејството на починатиот во земјава и истите се соодветно информирани за случајот.
Сител побара одговори од обвинителството во Софија но до овие вести не добивме информации за случајот.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
