Македонија
12. January 2023 - 12:19

Штип: Се уништува културното наследство

Повторно се девастира и уништува културно-историското богатство во Штип. Дрзок крадец украл една, а оштетил 6 оловни плочи од кровната конструкција на некогашниот затворен пазар, а сега уметничка галерија „Безистен“, еден од симболите на градот. Кражбата се случила вечерта пред полноќ, во строгиот центар на градот  пред очите на минувачите. Штетата е во вредност од околу 30 000 денари, но се работи за укинатни рачно изработени плочи.

- Минатата година имавме штета околу 400 000 денари од кровната конструкција и досега не успеавме да обезбедиме средства за обновување, а оваа година повотрно ни случи истото,  изјави Митко Штерјов, директор на завод музеј Штип.

Лани во јануари, скоро во истиот временски период беа фатени крадците од Штип и Струмица кои во неколку наврати успеале да однесат 26 оловни плочи, но штетата до денес не е надоместена. Една плоча тежи од 40 до 50 килограми. Оловото се продава кај откупувачите на стари метали, кои мора да бидат свесни за потеклото на откупените предмети, бидејќи и тие сносат одговорност. Безистенот датира од XVII век, изграден e од камен со оловна кровна конструкција. До сега објектот успешно му одолева на „забот“ на времето, но не може да се справи со алчните и неодговорни граѓани.