Се сретнаа Ибрахими и Меџити - зборуваат за парламентарното мнозинство
Од потврдени извори од Алтернатива дознаваме дека, за време на викендот, генералниот секретар на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими, остварил средба со потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити.
Тема на оваа средба беше состојбата со парламентарното мнозинство и промените што може да настанат со вклучувањето на Алијанса за Албанците во Владата на Република Северна Македонија.
Во оваа прилика, Ибрахими повтори дека ако вклучувањето на АА не е заради создавање на бројката од 80 пратеници за неопходните уставни измени, тогаш ова има смисла само за да се спаси политичкиот живот на партијата која има губење на пратеници, алудирајќи на ДУИ.
И Изет Меџити истакна дека Артан Груби инсистира на вклучување на АА во Владата со цел да го спречи различното мислење од него и од неговите истомисленици во ДУИ. Според него, политичката кариера на Груби денес зависи од тоа дали Арбен Таравари ќе го спаси или не.
Веќе знаеме дека Алтернатива се изразила дека не е спремна да прави нови компромиси од договорот Заев-Гаши во 2021 година, така што политичките настани сè повеќе се усложнуваат. Кога на ова ќе се додадат и несогласувањата на поранешниот премиер Заев со актуелниот лидер на СДСМ околу идејата за влада на СДСМ-ВМРО, секогаш имајќи го предвид неговото влијание врз актуелните пратеници на СДСМ, се зголемува можноста, дури и ако Алијанса за Албанците прифати да стане дел од Владата, тоа да не биде доволно за да се формира потребното мнозинство во Парламентот и земјата да оди на избори.
Во текот на оваа недела ќе се решат овие дилеми.
Ново на Сител
-

Поради маглата на скопскиот аеродром откажани 20 лета, два пренасочени, слетале 13 авиони, исто толку полетале
-

Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
-

Руте: Путин е главната пречка за мирот во Украина
-

Без вода утре ул. „Драгиша Мишовиќ“ во Карпош
-

Почна зимата
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
