Анализа на ИДУЕП: Младите бараат подобри услови за да останат дома
На младите им требаат работни места со флексибилно работно време, развој на вештини, закон кој ќе им овозможи самовработување, финансиска помош за доквалификација. Ова се дел од заклучоците од анализата на Институтот за добро управување евроатлантски перспективи која беше усвоена од пратениците. Оваа анализа е направена во соработка со 30 младински организации и стопанските комори во текот на една година.
Пратениците презентираа податоци од анкети кои покажуваат поразителни податоци за состојбата поради која младите заминуваат надвор од државата. Се согласија дека младите треба да бидат многу повеќе вклучени и заеднички да креаираат закони и политики за поквалитетно образование и работа дома.
Заклучоците беа едногласно усвоени од националниот совет за евроинтеграции и ќе бидат доставени до Владата.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
