Почна он-лајн наставата во училиштата кои денеска добија дојави за бомби
Учениците се вратија на онлајн настава, овојпат поради дојавите за бомби. Од дома наставата ја продолжија сите ученици кои денеска беа прва смена во 21 средни училишта и 11 основни во главниот град. Веднаш по добиените закани, учениците биле евакуирани и имале два часа додека да се организираат за да продолжат со часовите од дома.
Како се одвивале онлајн часовите и дали сите биле приклучени директорот вели ќе се знае во наредните денови. Единствено првачињата не можат да учат онлајн.
Од МОН велат немаат точна бројка колку од училиштата преминале на онлајн настава, бидејќи се работи за препорака а не наредба. Согласно тоа, секое училиште посебно се организира како да ја продолжи наставата. Во некои средни училишта веќе две недели учениците преоѓаат на онлајн настава кога ќе добијат закана за бомба.
Од МВР информираат дека се лажни заканите, завршени се проверките во сите училишта и таму наставата продолжува редовно со втора смена. Лажни се дојавите и во основното училиште во Прилеп и Основниот суд во Охрид.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
