Лани најголем број поплаки до Комисијата за дискриминација за бугарските клубови
Граѓаните најмногу биле дискриминирани на политичка основа и поради социјалниот статус. 45 проценти од испитаниците искусиле дискриминација според истражувањето на центарот за управување со промени. Шефот на државата изрази загриженост што граѓаните не поднесуваат претставки бидејќи не веруваат во институциите.
Законската регулатива се унапредува, но во меѓувреме се крати буџетот на телата кои треба да застанат во заштита на правата на граѓаните.
Само лани комисијата за заштита од дискриминација отворила 255 предмети од кои најголем дел се поврзани со отворањето на бугарските клубови во земјава. Изминува рокот во кој владината комисија треба да донесе одлука дали ќе бара укинување на двете здруженија со спорни имиња.
Конференција беше организирана во рамки на проектот Борба против дискриминација со поддршка на Британската амбасада.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
