Обвинителството го чека извештајот за лекувањето на Јана
Наместо забрзување на процедурите, со денови извештајот од стручниот надзор за смртта на Јана Христовска е во Министерството за здравство. Иако најавија, не го доставиле до обвинителството бидејќи требало да им го побараат преку допис. Добиле и официјално барање, но не се знае кога мислењето на лекарската Комисија и Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе биде дел од доказниот материјал. Во јавноста здравствените власти соопштија само сегменти дека немало пропусти во медицинскиот третман на девојчето, но нема детали зошто состојбата на Јана нагло се влошила по инфузијата.
-Сите анализи и на лекарите и на инспекторите од ДСЗИ се во извештајот и кога обвинителството ќе го побара ќе им доставиме. ...Кога ќе ја посетите битолската болница...наскоро, изјави Фатмир Меџити министер за здравство.
Министерот за здравство пред една недела кога беше кај семејството Христовски не помина и во битолската болница, иако од оваа установа има бројни барања за вработување на медицински персонал кој им е неопходен за нормално функционирање. По случајот со Јана и граѓани и пациенти и медицински лица со коментар дека се потребни итни корективни мерки на здравствениот систем. Кога овие прашања ќе бидат на агендата на министерот, не се знае.
А во очекување на обдукцискиот наод кој треба да покаже од што почина Јана, синоќа на протестот и маршот по Широк Сокак, битолчани побараа правда, оставки, одговорност и реформи.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
