Тројца Македонци загинаа во сообраќајка во Италија
Трагична велигденска ноќ во Италија, во страотна сообраќајка загинаа 3 македонски и еден италијански државјанин. Животот го загубија во директен судир во Ница Монферато во округот на Асти. Во едниот автомобил биле тројцата Македонци на возраст од околу 30 години, а со другото возило управувал 23 Италијанец од Асти објавија италијанските медиуми.
МНР ја потврди информацијата за сообраќајката во која загинаа македонски државјани.
- Се работи за 33г. од Македонска Каменица, 31 годишно момче од селото Саса и 30 годишен од село Пекљани, Виничко. Претставници на Конзулатот и Амбасадата веќе се во контакт со дел од семејствата на починатите, и ќе бидат на располагање за асистенција во врска со преносот на останките од Италија.
Судирот се случил на тесна и опасна кривина каде и претходно се случувале тешки сообраќајки. На местото веднаш пристигнала брзата помош и противпожарната служба која се обидувала да ги извлече патниците, но не успеале да ги спасат. Од фотографиите може да се види дека возилата се целосно уништени.
Истрагата за причините за несреќата е во тек, а на местото на настанот увид извршиле припадници на сообраќајната полиција. Според италијанските медиуми, причините се уште се не познати како дошло до оваа трагедија за велигден, но она што со сигурност го знаат од полицијата е дека станува збор за фронтален судир.
Нашите иселеници веројатно работеле во Италија и патувале кон дома за велигденските празници.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
